| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се деновите за уживање во Македонија?

Сите ги сакаме празниците, особено кога ќе се погодат во понеделник или петок, па имаш продолжен викенд... Еве кои денови ќе одмараме:

За сите граѓани на Република Македонија:

01 Јануари, Нова Година (вторник)
07 Јануари, Божик (понеделник)
01 Мај, Ден на Трудот (среда)
6 Мај, Велигден, вториот ден на Велигден (понеделник)

24 Мај, „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители (петок)
02 Август, Ден на Републиката (петок)
7 Август, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам (среда)
08 Септември, Ден на независноста (недела, неработен ден е понеделник)
11 Октомври (петок), Ден на народното востание
23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба
08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

06 Јануари, Бадник, ден пред Божик (недела)
19 Јануари, Богојавление – Водици (сабота)
3 Мај, Велики Петок, петок пред Велигден (петок)
21 Јуни, Духовден, петок пред Духовден (петок)
28 Август, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица (среда)

За граѓаните од католичка вероисповед:

1 Април, Велигден, вториот ден на Велигден (понеделник)
01 Ноември (петок), Празникот на сите светци
25 Декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

15 Октомври (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
27 Јануари (сабoта), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
26 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

Извор: СкопјеИнфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top