| четврток, 6 декември 2018 |

Дебармаалски средби и серенади во пресрет на Св.Трифун и Св.Валентин

Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и Здружението на граѓани „Хуман свет“, по 13-ти пат, организираат низа активности поврзани со Св. Трифун и Св. Валентин.

Утре низ Дебармалските улици стартуваат познатите серенади: закројување на лозница на ул. „Коле Неделковски“ бр. 5/1 во 11:30 часот, поетско – музички перформанс кај Жабарот во 12 часот, пуштање порака за мир во водите на реаката Вардар, во 18 часот пеш со песни и серенади движење по улиците „Костурски херои“, „Дебарца“ и по Боемската улица…

Активностите продолжуваат и во понеделник со хуманитарна вечер по повод љубовта и виното, манифестирајќи поддршка, хуманост, одговорност, љубов и човечка добрина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top