| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја година тука наоѓаат по 100 тела

Оваа шума е популарна меѓу планинарите и љубопитните луѓе, иако постои легенда дека кој ќе дојде тука, ретко излегува од неа.

Во подножјето на планината Фуџи во Јапонија се наоѓа мрачната и густа шума Аокигахара. Ова место на страв и ужас е познато под името „море од дрвја“ и „шума на смртта“. Властите секоја година наоѓаат околу 100 тела на самоубијци во неа, претежно обесени, а оваа морничава пракса се повторува уште од 1971 година.

Официјално, оваа шума е место во кое Јапонците најчесто извршуваат самоубиства, а зошто е тоа така никој не знае. Жртвите претежно се мажи во средни години, а интересно е тоа што самоубиството во оваа земја се поврзува со „чесен чин“, па секоја година својот живот го одземаат околу 30 илјади луѓе.

Шума пострашна од било кој хорор филм

Шумата која зафаќа површина од околу 30 квадратни километри, како што велат локалните жители, е место кое го посетуваат три типови на луѓе. Тоа се планинари, љубопитни луѓе – и оние кои не планираат живи да си заминат од неа. Во должината на целата шума се поставени знаци кои ги потсетуваат посетителите на тоа, а на нив пишува: „Животот е скапоцен подарок кој сте го добиле од вашите родители. Ве молиме да мислите на родителите и на вашите деца. Немојте да го држите тоа во себе, не мора да страдате сами.“

02-suma-na-smrtta-japonija-123

Под знаците има број на постојано отворени телефонски линии за помош кон кои повикот е бесплатен, а во близина има говорница. Напуштени автомобили на паркингот, како и отфрлена облека и чевли, се вообичаена глетка.

Сè започнало со будистички монах

Постои верување дека првото самоубиство во шумата го извршил будистички монах кој сакал да го „исчисти“ своето тело, така што се изгладнел до смрт. Останатите монаси го следеле неговиот пример, па така шумата станала „одлична“ локација за смрт. Во шумата наводно постојат места до кои не допираат сончевите зраци, а ниту ветрот не може да навлезе меѓу гранките, пишува Express.hr.

Се верува дека во шумата се практикувал и обичајот „убасуте“, според кој семејствата таму ги носеле своите најстари членови, за да умрат на мир. Наводно, нивните души денес ги намамуваат психички нестабилните и незадоволните луѓе во оваа шума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top