Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека неговата администрација ќе го доби случајот во врска со контроверзната забрана за патување, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
– Ние ќе ја гарантираме безбедноста на нашата земја. Ние ќе направиме се што е потребно за да биде сочувана безбедноста на нашата држава, објасни Трамп. Тој истакна дека ќе направи „нешто” што ќе обезбеди „дополнителна безбедност” за САД, а што ќе биде тоа ќе го открие „некаде следната недела”.
– Не се сомневам дека ќе победиме во овој конкретен случај, истакна Трамп. Тој додаде дека неговата администрација нема да дозволи во земјата да влезат луѓе кои сакаат да го повредат американскиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст