| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте, магла на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, после Лисец, има магла со видливост 30 до 50 метри.

Како што соопшти ЈП Македонија пат, во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top