Германската канцеларка Ангела Меркел наредната недела најверојатно ќе се сретне со новиот американски потпретседател Мајкл Пенс во Минхен.
Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт денеска на прес-конференција во Берлин изјави дека канцеларката ќе има неколку билатерални состаноци за време на Минхенската безбедносна конференција, кој ќе се одржи наредниот викенд во главниот град на Баварија, Минхен.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, состанокот меѓу Меркел и Пенс кој што ќе биде прва средба меѓу највисоките претставници на двете земји по изборите во САД е „многу веројатна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.