Смогот во Европа и во Северна Америка може да е повеќе од 25 пати посмртоносен од тој во кинеските градови, покажува новото истражување.
Според него, годишната изложеност на честички во воздухот во Кина е повеќе од петпати повисоко од препорачаните вредности на Светската здравствена организација (СЗО).
Сепак ова загадување е многу помалку смртоносно од честичките прав во Европа и во Северна Америка.
Според експертите, тоа се должи на фактот што во загадениот воздух во Кина има претежно големо количество природен прав што се разнесува од ветровите. На Запад, сепак, загадениот воздух е од индустриско потекло. Така резултатите се категорични дека всушност кинескиот смог води до помалку смртни случаи во споредба со европскиот и американскиот.
И поконкретно – загадувањето на воздухот во Европа е 27 пати потоксично од тоа во Кина. Сепак, градови како Пекинг, Шангај и Хонгконг, веројатно страдаат од западен тип загадување, пишува „Индепендент“.
– Природната прашина не може да се мери по токсичност со честички од издувен јаглен, биомаса и фосилни горива – вели проф. Френк Кели, експерт за животна средина од Кралскиот колеџ во Лондон.
Вдишувањето на природен прав може да ги оштети белите дробови и да предизвика напади на астма. Честички од издувни горива ги предизвикуваат истите проблеми, но и водат до труење со токсични тешки метали, хемикалии и испарливи органски соединенија. Тие можат да преминат од белите дробови во крвта и да предизвикаат многу поголеми штети на организмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст