| четврток, 6 декември 2018 |

Привремениот престој на поплавените продолжен до први април

– Владата на седница донесе одлука до 1 април да се продолжи рокот за привремениот престој на лицата од поплавените подрачја во Државниот студентски дом „Томе Стефановски-Сениќ“ и во Центарот за образование и рехабилитација на деца со оштетен слух „Партенија Зоографски“.

Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, кој рече дека не значи дека тој рок е конечен, туку во зависност од условите за враќање може да се продолжи.

– Од увидот на екипите на Центарот за социјална работа на Град Скопје и Гази Баба кај некои веќе се создадени услови и сѐ уште ги користат просториите на Сениќ. Уште еднаш ќе отидам на терен со директорот на Центарот за социјална работа за да провериме ако постојат услови да не се злоупотребуваат институциите и луѓето да се вратат на своите места. Да дозволиме тие средства да се пренасочат онаку каде што е потребно – додаде Ибрахими, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на новата занимална (доградба) во објектот „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top