| четврток, 6 декември 2018 |

Го злоупотребуваат името на Џамбазов: Од лажен профил се собираат донации за лажна болест

Од лажен профил на име на Игор Џамбазов, непознато лице божем собира донации за болно дете. На „Фејсук“ измамата ја откри актерката Весна Петрушевска – Бејби, која апелираше да не им се верува на ваквите пораки.

– Овој профил на Игор е лажен и е злоупотреба, ве молам не уплаќајте, не верувајте. Игор има официјална страница и одамна не е активен на „Фејсбук“. Мене ми стигна ова вчера во инбокс и, навистина, е згрозувачки и мизерно, да собираш пари од лажен профил, дрско да дадеш сметка и да манипулираш со болест на дете! – пишува актерката.

Повеќето останаа згрозени од измамата и бараат брзо пронаоѓање на измамникот, кој мора да се соочи со соодветните мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top