| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон тајмс“: Соросовиот Стејт департмент игра политички игри во Албанија

Дали е во ред американски амбасадор во туѓа држава, да уценува една политичка партија, се со цел да обезбеди предност за другата партија? Да одиме чекор понатаму: Дали е во ред американски амбасадор да го диктира текот на политиката во странска држава, а при тоа да упатува закани во облик на последици кои ќе следат за оној кој нема да работи според диктатот, пишува во Вашингтон тајмс, американскиот политички аналитичар и безбедносен експерт Тед Вуд.

Дали е прифатливо американски амбасадор да ја спроведува агендата на унгарско-американски милијардер и неговата фондација, а не интересите на САД со што, запрашува тој во својата колумна.

Дека шемата со која работи Џорџ Сорос е речиси идентична во сите држави во кои ја има распространето својата мрежа, зборува и колумната на истакнатиот американски политички аналитичар Л. Тод Вуд, пишува како американскиот амбасадор во Албанија е платеник на Сорос, а оди чекор понатаму и открива други детали од политиката и политичарите кај нашиот западен сосед.

„Што ако ви кажам дека премиерот на државата присуствувал на свадбата на милијардерот Џороџ Сорос? Што ако ви кажам дека Сорос ја поддржува владата во Албанија за која критичарите велат дека „убивајќи“ илјадници луѓе низ Европа преку профитира трговијата со наркотици во Европа? Што ако ви кажам дека американскиот амбасадор се обидува да ја затвори истрагата за една од најголемите компании во Албанија, а во меѓувреме зборува дека треба да се застане против корупцијата?“

-Се започна пред неколку недели кај една мала нација на Балканот, каде што се обидоа да направат ремонт на правниот систем на државата. Американскиот амбасадор Доналд Лу соработувајќи со партијата на власт, која пак е „создадена“ од Џорџ Сорос ги откажа визите за околу 70 членови на опозициската Демократска партија, кои пак биле на стручна проверка  за да бидат именувани како судски функционери во државата. Пристрасното политичко и недемократско однесување на амбасадорот ја втурна државата во политичка криза. Во соопштението на американската амбасада во Тирана е потврдено дека „биле одземени визите на неколку Албанци-судии, откако било воспоставено дека тие веќе не ги исполнуваат условите за виза. И бидејќи документите за виза се доверливи и под заштита на американските закони, не можеме да коментираме за поединечни случаи. Американската амбасада. Амбасадата го започна овој процес во пресрет на претстојниот проверка на службени лица  и нивна инволвираност во корупција“, пишува Вуд.

Вуд повлекува дека она што не е напишано во соопштението на амбасадата е дека ниту еден од оние на кои им е откажана виза и кои се под истрага за корупција не е дел од владејачката партија на социјалистите на чело со премиерот Еди Рама.

-Накратко, она што американската влада го превзема е тактики за да се прилагоди правниот систем во Албанија на начина на кој ќе овозможи за партијата на власт уште повеќе да се богати преку трговијата со дрога, влада која е поддржана од Џороџ Срос и неговото Отворено залагајќи се за легализација на дрогата, пишува во анализата.

Тој тука ја спомнува изјавата на албанскиот јавен обвинител, кој истакнува дека ниту еден амбасадор не може да се меша во внатрешните работи и дека активностите на амбасадорот Лу се типично соросоидни.

-Било која одлука и акција да биде преземена од страна на американски дипломат во а истата да значи поддршка за една партија напроти друга е недемократски и не соодветствува со принципите за кои се залага Америка. Креирајќи правен систем кој е во корист на само една политичка партија е сосема спротивно на она што е потребно на првиот систем во Албанија.

Ова е големата слика: Има тајни симпатизери во пост-Обама Департментот кои туркаат тајна агенда која е анти Републиканска и анти Трамп. 1000 дипломати потпишаа т.н.  меморандум за несогласување со привремената рестрикција за имигранти предложена од Доналд Трамп. Од друга страна тие истите дипломати немаат проблем да откажуваат визи и тоа на лица кои не се нивни истомисленици. Господинот Лу ја дестабилизира Албанија одбирајќи победници и губитници, додека премиерот Еди Рама е тесно поврзан со Џорџ Сорос, заклучува Вуд во својата анализа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top