| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го сокриете подбрадокот

pobradok

За изразениот подбрадок можеме да ја кривиме нашата исхрана, но и генетиката, а мали козметички и модни трикови можат да помогнат овој проблем да се прикрие.

Шминка – Подбрадокот може да се прикрие со бронзер. Одберете бронзер неколку нијанси потемен од пудрата па со дебела четка нанесете на подрачјето од долниот раб на вилицата и по горниот дел од вратот. Така добивате потемна сенка, каде на подбрадокот ќе се стави во втор план.
Фризура – Против подбрадокот можете да се борите и со фризурата. Никако немојте да ја шишате косата во висина на брадата, а нечини ниту ако е предолга бидејки двете фризури во прв план го ставаат несаканиот подрбадок.
Облека и накит – Заборавете на рол-крагните, како и на блузите закопчани до грло, на кои вашата брада и подбрадок ги прават понагласени. Изберете нешто со малку поотворено деколте.
Правилно држење – Ако се држите подгрбавено и одите со спуштена брада вашиот подбрадоккако и опуштената кожа ќе се најде во прв план. Затоа, држете се исправено, спуштите ги рамениците и гордо дигнете ја главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top