| четврток, 6 декември 2018 |

Вилијам знаел дека Кејт ќе ја сврши со него: Трите тајни на прстенот на принцезата Дајана

Еден од најубавите свршеничкиот прстени сосема сигурно е оној со кој принцот Чарлс ја побра раката  на Дајан Спенсер на почетокот на 1981 година. Таа набрзо по тоа стана обожуваната принцеза Дајана, а прстенот еден од нејзините најпрепознатливи симболи. Кои се невообичаени и интересни детали се поврзуваат со овој славен прстен?

Официјалната свршувачка принцот Чарлс и Дајана ја објавиле на 24 февруари 1981 година, но пред тоа Дајана сама го одбрала својот прстен. Прекрасниот 12 – каратен сафир кој го обиколуваат 14 дијаманти креација е на лондонската златара Гарард и тогаш чинел 28 илјади фунти, што денешно време би било околу 108 илјади фунти.

Изборот на принцезата бил доста невообичаен поради тоа што прстенот не бил уникатен ниту посебно изработен за неа, а го имаше дури и во продажниот каталог на Гарарад. Некои наведуваат дека прстенот ја потсетил на свршеничкиот прстен на нејзината мајка, но тоа што е познато е дека Дајана сосема сигурно сакала сафир и дека од неколку модели тој најмногу и се допаднал.

Откако принцезата Дајана починала во 1997 година, младите принцови Вилијам и Хари ги одбраа спомените од нивната мајка. Принцот Вилијам така го земал златниот часовник Картие, додека Хари всушност бил тој кој го земал свршеничкиот прстен. Откако Вилијам решил да ја побара за жена Кејт Мидлтон, го замолил Хари да ги заменат спомените за да може со прстенот на нивната мајка да ја побара раката на идната сопруга и мајката на неговите деца. Прстенот има голема важност за младата кралска двојка затоа што како што изјавил Вилијам во очи венчавката со Кејт во 2011 година давањето на прстенот на Кејт бил неговиот начин Дајана да биде присутна на нивната венчавка.

Иако прстенот пред 36 години се најде во каталогот на Гарард, само еден е оригинален примерок. Имено, овој модел на свршенички прстен станал исклучително популарен, па з Гарард често добива порачки за славниот модел.

Но тие никогаш нема да направат идентична реплика, туку само слични верзии, затоа што прстенот го третираат како договорена порачка. Што всушност значи дека станува збор за стриктен уникат и дека во истиот модел во целост никогаш повеќе нема да биде направен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top