| четврток, 6 декември 2018 |

Двојна просидба: Кумановец и битолчанец клекнаа пред девојките во Париз (галерија)

Двајца колеги едниот од Битола другиот од Куманово ги изненадија своите девојки. Прво со авио билети, а потоа и со венчални прстени.
Иван Гиновски од Битола и Мирослав Симоновски од Куманово двајцата колеги се решија да им подготват големо изненадување на своите девојки.

Како што раскажал Иван за Тера.мк тој во љубовна врска со неговата девојка од Битола Мартина Котевска биле цели седум години. Со неговиот колега најпрво, два дена пред патување со авионски билети за Париз ги изненадиле своите девојки.

16684570_869104763193270_1492194324_n

Кога пристигнале во Париз, вториот ден на исто место и во исто време ги побараа за сопруги. И веднаш го добиле одговорот дека се согласуваат.

16652685_869104683193278_2027197852_n

Ги побараа за сопруги на едно од најромантичните места во светот. Девојката на Мирослав од Куманово, а сега негова вереница е Ангелина Силева од Велес.

Извор: кумановскимуабети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top