| четврток, 6 декември 2018 |

Татко на две деца се обесил откако на Фејсбук го прогласиле за педофил

Телото на 48-годишниот Стивен Радерхем  од британскиот град Хал е пронајдено  на гробишта, откако таткото на две деца се обесил непосредно по јавните обвинувања на Фејсбук. На социјалната мрежа било објавено неговото име, слика и адреса со назнака „валкан перверзник“.

Пораката за неговата наводна педофилија за само 15 минути ја заобиколи социјалната мрежа, а три дена потоа тој се обесил на локалните гробишта.

Неговата ќерка Бетани Бомонт на сослушување рекла: „Животот на невин човек целосно е уништен“.

Радерхам, работник во тулана, пред некое време забележал како едно 14-годишно девојче на Фејсбук му дава податоци на 60-годишник. Свесен за опасноста во која девојчето може да упадне, оставил коментар на нејзиниот профил и ја предупредил да не дава свои информации на луѓе кои не ги познава.

Друг корисник, потоа го обележал како педофил и направил банер, кој за брзо време го виделе стотици луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top