| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ја нападна компанијата што ја „отпиша“ Иванка

iva

Доналд Трамп на „Твитер“ ја нападна трговската компанија за луксузни стоки „Нордстром“ поради исфрлањето од продажба на модната линија на неговата ќерка Иванка, оценувајќи го тој потег како „многу неправеден“.

-„Нордстром“ многу неправедно се однесуваше кон мојата ќерка. Таа е прекрасна личност. Секогаш ме поттикнува да го направам правилниот потег – напиша американскиот претседател.

iva3

Тој тоа прво го „твитна“ на својот личен налог, а потоа го преобјави и на официјалниот профил на претседателот на Твитер, што досега беше наменет само за прашања од државен интерес.

„Нордстром“ минатата недела ја прекина соработката со Иванка Трамп, официјално поради лошиот пласман на нејзината модна колекција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top