| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ќе присуствува на отворањето на новото седиште на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат ќе се сретне со шефовите на државите или влади на земјите-членки на НАТО за време на отворањето на новото седиште на Северноатлантската алијанса на 25 мај во Брисел, соопшти белгискиот премиер Шарл Мишел.

Тој синоќа на „Твитер“ изрази задоволство што ќе ги пречека своите колеги на следниот самит на НАТО во Брисел на 25 мај, кога ќе биде отворено новото седиште.

Трамп за време на претседателската кампања оцени дека НАТО е застарена структура и оти САД немаат обврска да ги бранат оние земји кои не ги плаќаат преземените обврски кон Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top