Вчеравечер околу 21.00 часот во студио за модерен танц на ул. „Бел Камен“ во Скопје , додека траел часот дошол Б.Р. од с. Батинци, насилно ја отворил влезната врата и се упатил кон Н.В. (23) од Скопје, кој во тој момент посетувал час, и физички го нападнал.
Откако присутните успеале да ги раздвојат, Б.Р. излегол надвор и повикал уште две лица по што сите заедно влегле во објектот, насилно го изнеле Н.В. надвор и почнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на телото. По нападот напаѓачите со возило побегнале во непознат правец.
Н.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Скопје каде што му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Како причина за нападот се претпоставува дека е тоа што за време на часот по танц Н.В. вежбал со 19-годишна девојка, која е во љубовна врска со Б.Р.
Подоцна истата ноќ околу 1.00 часот Б.Р. заминал во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, каде што од страна на доктор му биле констатирани телесни повреди и е задржан на лекување.
По насоки на Јавен обвинител, истиот, по укажување на лекарска помош, ќе биде лишен од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.