| четврток, 6 декември 2018 |

Објавено писмо до Обама од организаторот на нападите на 11 септември

Писмо на Халид Шеик Мохамед, кој се смета за главен организатор на нападите од 11 септември 2011 беше објавено во САД во весникот Мајами Хералд.

Во писмото адресирано до поранешниот претседател Барак Обама се упатуваат обвиненија за Вашингтон и се објаснуваат причините за нападите. Мохамед го напишал писмото во јануари 2015 година, но затворот во Гвантанамо не го испратило до Обама. Во септември 2015 година службениот адвокат подал молба за испраќање на писмото до примачот. По една година судија одлучил да даде дозвола и тоа се случило во моментите кога Обама „ги пакувал куферите од Белата куќа“.

Писмото има 18 страници. Мохамед се обраќа до Обама како „глава на змијата“ и претседател на државата „на гневот и тиранијата“.

– На вашите раце се уште е крвта на нашите браќа, сестри и деца убиени во Газа, нагласува затвореникот. Според адвокатот, Мохамед почнал да го пишува во 2014 година за време на воена операција на Израел во Појасот Газа.

Во однос на нападите од 11/9, Мохамед пишува: На 11 септември ние почнавме војна против вас. Тоа го направивте вие самите и вашите диктатори во нашата држава.

Во писмото тој наведува долг список со воени интервенции на САД – од Ирак до Виетнам и Хирошима. Мохамед вели дека „никогаш нема да моли замилост кај Американците“

– Со радост ќе останам сам во келијава и ќе го молам Алах да ми ги прости гревовите. Ако вашиот суд ме осуди на смрт со уште поголема радост ќе се сретнам со Алах и пророците, ќе ги видам добрите пријатели кои неправедно ги убивте во светот и ќе се видам со шеик Обама бин Ладен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top