| четврток, 6 декември 2018 |

Хан на „Твитер“: Работниот ден во Скопје го почнав со разговор со премиерот Димитриев

han-dimitriev-1

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година.

Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис.

Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со премиерот Димитриев. Потоа состанок со министрите од земјите од Западен Балкан за зајакнување на енергетската поврзаност, напиша Хан.

han-tviter

За поплане се очекува Хан да се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top