| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски малолетник крадел автомобили само за да ги повози

СВР Скопје до надлежното основнот јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето М.Д. од Скопје, шеснаесетгодишник, кој во неколку наврати, во скопската наслеба Ѓорче Петров, крадел моторни возила со цел да ги повози. Од страна на Истражен судија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, поради основано сомнение сторил три кривични дела „одземање моторно возило“.
На 21-ви месецов, околу 22,00 часот, на улицата Петар Чајковски, откако М.Д.  се уверил дека нема да биде забележан од никого, дошол до куќата на оштетениот Д.К., ја истуркал капијата со која бил затворен дворот, влегол по пристапниот пат до гаражата каде било паркиран автомобил марка „Опел Астра“, ја отворил вратата и со помош на оригинален клуч кој бил оставен во бравата го ставил возилото во движењe , по што се упатил кон стадионот Ѓорче Петров  каде се сретнал со лицата Б.Д., Б.Б.М. и Д.Г. сите од Скопје, ги повикал да се возат со одземеното моторно возило и тие прифатиле.
Потоа се возеле низ населбата Ѓорче Петров и околу 01,30 часот на улицата Лука Геров, пријавениот учествувал во сообраќајна незгода со патничко моторно возило марка “Волво ВИ – 40“, со скопски регистерски таблички, во која што незгода со тешки телесни повреди се задобило лицето Ж.Ѓ. кое го управувало “волвото“ а со телесни повреди се задобиле и лицата Н.Ј. сопатник во автомобилот Волво, и лицето Б.Д. сопатник во автомобилот Опел Астра управувано од пријавениот. По сообраќајната незгода пријавениот откако од возилото излегле неговите сопатници, повторно го ставил во движење возилото и се упатил кон нас. Кисела Јабука каде што го оставил на улица, а клучот го задржал кај себе.
Второто кривично дело, М.Д. го извршил еден ден подоцна околу два часот,  во населбата Кисела Јабука во близина на улицата 42, каде откако се уверил дека нема да биде забележан од некого, влегол во дворот на куќа сопственост на Н.Б. ја отворил затворената капија и со намера да го употреби за возење го одземал автомобилот „Шевролет Калос“ , на начин што  ја отворил вратата на возилот и со употреба на оригиналниот клуч кој бил оставен на бравата, го ставил во движење и незабележан се оддалечил во правец на населба Ѓорче Петров и се возел низ населбата,  по што го оставил на една од сообраќајниците, задржувајќи го клучот кај себе.
Третото кривично дело го извршил на 22-ти овој месец, околу четири часот, на улицата Антон Чехов на истовенетен начин како и во претходните два случаи, влегол во дворот на куќа и одземал моторцикл марка ZONGSHEN  сопственост на Д.Ѓ. од Скопје, со намера да го употреби за возење. Пријавениот притоа го употребил оригиналниот клуч кој бил оставен во бравата, го истуркал моторциклот на улицата, го ставил во движење и се возел низ населбите Ѓорче Петров иКондово,  а во моментот кога се возел  на улицатаМечкин Камен  бил приведен од страна на полицијата.
Во просториите на ПС Кисела Вода е обавен разговор со пријавениот М.Д. во кој истиот го објаснил извршувањето на кривичните дела. Освен тоа, кај малолетникот било забележано видливо присуство на алкохол, заради што истиот е алкотестиран и констатирано е присуство на алкохол во крвта во висина од 1,09 промили за што е сочинет Записник.
Од извршената проверка во крим.евиденциите на СВР- Скопје утврдено е дека  М.Д. повеќе пати е кривично пријавувано за сторени кривични дела од областа на имотните деликти за што му се изрекувани мерки – засилен надзор од социјален орган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top