ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Сорос и СДСМ водат хајка против невладиниот сектор што се бори за десоросоизација.
– Хајката која по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на Соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ. СДСМ и Сорос праќаат мејлови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите кои ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни начини на практицирање квази граѓанство – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека десоросоизацијата почнала и оти овој процес ѝ е неопходен за Македонија.
Токму затоа граѓаните на 11 декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст