| четврток, 6 декември 2018 |

Магла на патот Лисец-Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа  влажни коловози. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патниот правец Лисец-Попова Шапка-Лисец, информира вечерва Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top