| четврток, 6 декември 2018 |

Градот кој е чекор пред другите

Градот Дуга Реса во Хрватска е пред многу други затоа што создава можности за да ги задржи младите и тука да отворат свои информатички компании.

Имаат визија за она што го сакаат и се трудат да го одржат еколошкиот развој.

Во овој град со 10.000 жители во центарот имаат најбрз интернет.

Ја имаат најстарата градинка во Хрватска која датира од пред 90 години, но важно е дека нема листи на чекање и сите деца се запишуваат веднаш.

Во градското училиште се отвора старт ап центар. Наскоро градот ќе добие и простор каде граѓаните ќе можат преку лето да се капат.

Сепак, заменик градоначалникот Томислав Бољар вели дека граѓаните не живеат добро како пред десет – дваесет години и вложуваат напори да го ревитализираат градот и да го ребрендираат регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top