Тунижанецот Анис Амри којшто на 19 декември со камион влезе на божикен панаѓур во Берлин и усмрти 12 луѓе неколку дена предходно се обидел да украде друг камион за истата цел, објавува весникот Билд.
До овие сознанија дошла германската Криминалистичка полиција (БКА) која што ги проверува исказите на сведок во истрагата. Сведокот тврди дека сомнително лице кое што многу личи на Амри се обидел да влезе во кабина на друг камион.
Според досегашната истрага на полицијата Амри кој во декември живеел во џамијата “Фусилет“ во Берлин постојано бил под дејство на екстази и кокаин и можно е за време на нападот да бил дрогиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Убиецот од Торонто е 29-годишниот Фаисал Хусеин кој бил ментално болен
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Жена-херој застрела вооружен напаѓач кој напаѓал мајки што носеле деца во училиште (видео)