Фадил Исмаили од тетовското село Лешок во својот двор чува три припитомени волци.
Во репортажата објавена на Телевизија Телма, се гледа како волците Луна и Лупо и нивниот татко Алек весело го пречекуваат и се играат со репортерот на таа телевизија и се хранат од неговата рака.
-Темпераментот на волкот не треба да ве плаши, моите миленици им се радуваат на новите гости“ вели Исмаили кој тие припитомени животни две години ги чува во оградениот двој од своојата викендица.
Идејата да чува волци, како што вели, му се родила кога бил да работи во Швајцарија. Чувал многу животни, но решил кога ќе се врати во родниот крај со себе да донесе и волци за кои тврди дека се многу интелигентни.
-Овие волци се од просторот на некогашна Чехословачка. За да ги донесам во Македонија завршив специјален курс во Швајцарија за чување на волци“, додава Исмаил.
Тој не се согласува со терминот „чување волци“, туку истакнува дека тој и неговото семејство живеат со волците и дека има голема доверба во нив. Вели дека тој и неговото семејство практично живеат со нив и истата храна ја делат со волците.
-Тие се многу внимателни и никого не повредиле“, додава Исмаили.
Фадил вели дека еден волк дал во Скопје,а еден во Брвеница. Семејствата се презадоволни од волците. Некои вели, ми бараат волци за борби но веднаш ги одбивам. На волците треба да им се пружи љубов, а не агресија, вели Фадил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст