| четврток, 6 декември 2018 |

Лососот стана најтоксична риба

Лососот е најтоксична риба, пишуваат француските медиуми, а ги потврди и бугарската нутриционистка, професорката Донка Бајкова. Но според професорката Бајкова, вистината за токсичноста на лососот е некаде на средина.

– Несомнено е дека оваа риба е исклучително корсина протеинска храна. Лососот е и мрсна храна бидејќи 100 грама од него содржат 200 калории, а воедно е богата и со масни и водени состојки. Kалориите содржат и 13 отсто корисни масти, кои се исклучително богати не само со омега 3 киселини, туку и со заситени масни киселини – вели Бајкова.

Таа објаснува дека проблемот што лососот одеднаш падна од тронот на најпрепорачуваната здрава храна лежи во разликата во начинот на кој се одгледува оваа риба.

– Поради својата подобра и поквалитетна хранлива вредност, дивиот лосос и натаму останува суперхрана во својот ранг. Но проблемот е што оваа риба почнува да исчезнува од големите езера, а поради големата побарувачка повеќе се консумира онаа од одгледувалиштата – вели Бајкова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top