Министрите за внатрешни работи и за одбрана на 15 европски земји денеска постигнаа согласност да предложат нови мерки што ќе гарантираат копнената мигрантска маршрута од Грција кон останатиот дел од ЕУ да остане затворена, пренесува БТА.
Министрите за внатрешни работи и за одбрана на Австрија, Волфганг Соботка и Ханс Петер Доскоцил, кои беа домаќини на форумот, изјавија дека е одлучено до април да се изготви план за таканаречената „Балканска маршрута на миграцијата“.
На денешната средба учествуваа нивните колеги од Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција.
Некои од овие земји се претворија во влезни или транзитни зони за стотиците илјади мигранти, кои во 2015 година почнаа да се слеваат кон Европа. Други,пак, се противат на раселувањето на мигрантите на нивна територија, иако тие веќе се наоѓаат во ЕУ.
Австрија минатата година ја одигра клучната улога при координацијата за затворање на миграциската маршрута.
– Нелегалните мигранти и натаму доаѓаат во Европа преку Балканската маршрута и покрај нејзиното затворање. За тоа во значителен степен придонесуваат шверцерите, изјави австрискиот министер за одбрана Доскоцил на прес конференцијата по денешната средба, пренесе ТАСС.
Според него, на ниво на ЕУ засега недостасува заедничка позиција за надминување на миграциската криза.
-Затоа беше прифатена одлуката за изработка на план, што ќе биде претставен во периодот април-мај, изјави министерот Доскоцил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст