Европа има потреба од мигрантите за својата економија, изјави денеска во Валета високата претставничка на Европска комисија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа додаде дека населението на ЕУ старее и оти земјите-членки имаат потреба од работна сила.
– Проблемот со миграциската криза може да биде решен само по пат на соработка, без изградба на ѕидови, истакна Могерини на почетокот на средбата Европа – Африка, посветена на миграциската криза, што се одржува на Малта, која претседава со ЕУ.
Могерини истакна и дека африканските држави треба да имаат во предвид дека трпат загуби од илегалната трговија со луѓе.
Таа во текот на денот ќе присуствува на церемонијата во Валета на врачувањето на дипломи на 89 претставници на либиската крајбрежна стража, обучени од европската воена морнарица за борба против криумчаррите на мигранти во Средоземно Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции