| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден вработен во Македонски железници

Вчеравечер 19.00 часот во Прилеп во кругот на АД „Жито Прилеп“, при отворање на товарен вагон на „Македонски железници“, рачка од вагонот паднала врз главата на О.Д.(33) од Прилеп, вработен во „Македонски железници“.

Истиот, по укажаната медицинска помош во Медицински центар Прилеп, во безсознание бил пренесен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top