| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени причините за убиството во Крушевско

Полицијата поднесе кривична пријава против 33-годишната М.П. од с.Свето Митрани, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Убиството се случи во петокот, 3 февруари, кога пријавената во колонијална продавница, по кратка расправија, со ловна пушка „бајкл“ калибар 12мм, сопственост на нејзиниот свекор, испукала два истрели во пределот на градите на Н.Д. (44) од истото село. Тој починал на самото место, а М.П. била приведена.

Од преземени мерки било утврдено дека причина за убиството е тоа што, сега починатиот, и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него.  Од почетокот на 2017 година постојано и се јавувал на телефон,  секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира.

Убиениот упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син.

Исто така ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top