Сè започнало на 7 мај 1979 година кога мајката Надица Миљковиќ родила две момчиња, близнаци. Ненад и Иван, браќата близнаци само еден ден откако биле родени се пренесениво Белград без мајката,наводно поради вода во белите дробови.
Ова е почетокот на приказната која 37-годишниот Иван ја раскажува за српски Телеграф и за тоа како го разделиле од братот близнак по раѓањето.
–Во протоколот кој следува после породувањето кога се запишуваат податоци за новородените бебиња, лекарите напишале дека едното бебе егзитирало, додека второто е здраво. Тие однапред знаеле дека наводно едното ќе умре, иако тоа никогаш не се случило. Дури следниот ден на 8 мај лекарите соопштиле дека едното дете умрело, а второто е во тешка состојба, раскажува Иван.
Кога дознал дека едното дете му починало, таткото Зоран барал од лекарите да го види телото и да го погреба бебето. Му било кажано дека не може и дека подобро е да го чува тоа што му останало. Родителите не се посомневале во ништо. Годините поминувале, а дури по повеќеод 20 години во 2003 кога во медиумите почнало да се говори за кражба на бебиња, почнале и сомнежите.
Семејството започнало своја истрага преку собирање на документи при што утврдиле дека документација за гробно место не постои, како ниту документ за смрт.
–Низ останатата документација наидовме на тежок организиран криминал. Во матичната книга на родени, веднаш по раѓањето, мене и на мојот брат ни е доделен ист матичен број. Тоа значи дека од двајца направиле еден, за да им се вклопи во статистиката. Еден е правно починат за да му се направи нов идентитет на некое ново место, во ново семејство. Поседувам и уверение за државјанство на кое јасно стои класификационата ознака 201 која е за промена на идентитет. Прво од документите дојдовме до податокот кој е, а подоцна утврдивмекаде точно се наоѓа, ја раскажува својата животна приказна Иван.
Во контакт со братот стапил по 24 години.
-Го побарав на телефон и му реков: „Здраво, тука е Иван“. Ме праша: „Кој Иван“, одговорив: „Твојот брат близнак“. Набрзо потоа тропнав на неговата врата, се сретнавме и пресреќни сме што најпосле се запознавме, раскажува Иван.
Близнаците се во постојан контакт, направиле и ДНК анализа која потврдила дека се биолошки браќа. Сега ја бараат правдата до крај за сите одговорни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.