Во што се е заплеткан Дејна Рорабакер, конгресменот од Kалифорнија, САД, поддржувач на Голема Албанија и кој сега сака Македонија да се подели? Оценките за докажаниот лобист за албанските големодржавни аспирации, од неговите колеги и во републиканската и во демократската партија, како и од американската јавност, накусо сублимирани го посочуваат како „луд“, „срам“, „кукавица“ и „лажго“.
Меѓу последните зафати на самопрогласениот „влијателен“ во американската политика е пишување писма до граѓаните во округот од каде доаѓа да гласаат за него на анкета поставена на интернет портал Брајтбарт за тоа кој би требало да биде нов државен секретар. Според пишувањата во американските медиуми, кон крајот на ноември минатата година, анкетата и писмата на Рорабакер, ги доведе во прашање уредничка независност на сајтот и шансата да добие постојани акредитиви за прес-центарот на Сенатот.
Рорабакер како член на Комитетот за надворешни работи е познат по своите претерани заштитнички ставови кон Руската Федерација. Се верува дека своите шанси за секретар си ги уништил кога се заплеткал со новинар на тема кршењето на човековите права во Русија, а претседателот на Комитетот за оружените сили, сенаторот Џон Мекејн, по интервјуто го оцени кусо, дека „Во секоја организација има некој на раб на лудост“.
Иста оценка Рорабакер добива и во 2008 година во еден друг медиум, по неговиот настап за глобалното затоплување. „Тој е на работ на лудилото“, се оценува неговиот настап каде се додава дека како поддржувач на теории на заговор, „тој брзо и лежерно игра со фактите и нема проблем погрешно да ги толкува. Едноставно кажано, тој е комплетно луд!“.
За конгресменот од Оринџ Каунти, Дејна Рорабакер, се вели дека кукавички избегнал воената служба за време на виетнамската војна, а потоа апсурдно лобира за омилените Талибанци на Осама бин Ладен во ’90-тите. Во 2010 година го критикува Пентагон заради процесот против тројца специјалци за тортура врз Ирачани. За јавноста тоа јасен знак за поврзаност со убиствата на платениците кои работат за Блеквотер, десничарска паравоена корпорација на поранешниот помошник на Рорабакер, Ерик Принц, како што пишува во 2010 година локалниот неделник од округот.
Рорабакер не е нов во светот на аферите, скандалите, лудостите и на бесрамни самопромоции. Неговата сопруга, пишуваат медиумите, се обидела да ги украде изборите во Оринџ Каунти. Неговиот пријател, некогашен градоначалник, бил осуден за политичка корупција. Еден од неговите најблиски пријатели, Џеф Абрамоф е осуден лобист за лажирање и спортски измами. Џеф Нилсен, уште еден негов соработник кој го повел во главниот град, е осуден затвореник за педофилија, за заведување момчиња. Во 2006 година во изборите за шериф Рорабакер застанал зад човек со подебело досие и кој бил поврзан со мафијата во Лас Вегас.
Ова се само дел од аферите кои го посочуваат интегритетот на човекот кој што себе се претставува за „влијателен во надворешната политика на САД“, притоа со години ја поддржува иредентистичката политика на Албанците на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конгременот Дејна Рорабахер се извинува за своите забелешки за Македонија
-
Рорабакер повторно провоцира: Што сакате правете, јас велам да се поделите како Чехословачка или Швајцарија
-
Најсилната тупаница на Сорос: Рорабакер е на чело на машинеријата за државни удари, финансиски грабежи, хаос и конфузија
-
Американскиот конгресмен Рорабакер: Македонија не е држава и треба да се подели