| четврток, 6 декември 2018 |

„Како си брате“ – Балотели „твита“ на српски

Балотели неодамна отвори свој профил на Твитер, кој предизвика големо внимание на јавноста која постојано очекува кралот на глупостите да го направи она што после фудбалот најдобро го прави – да „закачи“ некоја глупост.

Сепак Балотели своите први твитови ги искористи за да ги поздрави своите пријатели, меѓу кои и поранешниот клубски колега, босанецот Един Џеко, кој во моментов е во Њујорк на турнејата низ САД со Манчестер Сити.

twitter baloteli

– Како си брате – напиша Балотели на што Џеко веднаш возврати:

– Мариоооо, како си брат? Ние сме во Њујорк!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top