Денеска е Преподобен Ксенофонт, Марија, Јован и Аркадиј.
Сите беа едно семејство, а живееја во петтиот век во Цариград. Таткото Ксенофонт беше патрициј. Со жена му Марија имаше два сина Јован и Аркадиј. Сите се одликуваа со длабок благочестив живот. Се случи Јован и Аркадиј, тргнати на школување во Бејрут, да доживеат бродолом, што ги раздели, без да знаат еден за друг дека се живи. И родителите ги мислеа мртви, но од еден сон дознаа за нивната вистинска судбина, па појдоа во Ерусалим да ги најдат.
Распрснатото семејство најпосле, на чудесен начин, повторно се собра заедно. Сите таткото, мајката и двајцата браќа зедоа на себе монашки подвиг и го прославија Бога преку светите животи. Сите нив Црквата ги вброи меѓу светителите.
Ова е празник кој секој верник треба да го помине со семејството, се смета за празник на мирот, љубовта и слогата во семејството.
Денеска заедно со семејството треба да запалите свеќа во црква, според старите обичаи, родителите палат за Ксенофонт и Марија, децата за Јован и Аркадиј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…