Откако според очекувањата Живко Мукаетов на вчерашното редовно изборно собрание беше реизбран за претседател на РФМ им се обрати на сите присутни делегати и гости.
– Кога пред четири години ја прифатив обврската, ветив дека мак-ракомет ќе функционира поинаку од претходно. Регрутирање на помладок, посветеност на развојот на ракометот во другите градови надвор од Скопје и градење на тренерска база беа само дел од целите. Во периодот од четири години голем дел од овие цели остваривме. Ова раководство се соочи со големи предизвици. Ние како раководна гарнитура ќе останеме на истата патека, да бидеме континуирано на големите приредби и етаблирање на ракометот како национален спорт во Македонија. Убеден сум дека за 5-10 години ќе бидеме горди на она што го направивме – изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Потоа Мукаетов даде отчет и за сработеното во периодот на првиот негов мандат.
– Одржавме 21 седница и донесовме 159 одлуки, направивме ревизија на сите акти. Усвоени се нови правилници за сите репрезентации, двојно намалување на котизации и комплетно ги ослободивме од котизација младинските категории. Успеавме да го задржиме и второто место во машката Лигата на шампионите. Ја спроведовме СНАП програмата, формиравме едукативен центар, одржавме пет семинари за тренери и уште многу други активности – заврши Муакетов.
Новиот мандат го обврзува Мукаетов да го води македонскиот ракомет до феврури 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.