Камион влекач марка „Волво“ вчера околу 8:30 часот излетал од патот кај село Облавце и паднал во провалија, информира денеска РЦУК – Куманово, а случајот го потврди и кумановската полиција.
Според првичните информации, камионот најверојатно изгубил контрола поради влажниот коловоз и неприлагодената брзина. Возачот на камионот В.К. се здобил со телесни повреди, потврија од СВР Куманово.
Како што појаснија, камионот-влекач се уште се наоѓа во провалијата, бидејќи станува збор за непристапен терен и потребна е соодветна механизација за да се подигне.
Во камионот, сопственост на кумановска компанија, се превезувал текстил. Вчера, екипа од СВР Куманово и мобилна екипа од Царината биле на местото на сообраќајката од каде текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово.
Сообракајот, соопштија од СВР Куманово, се одвива редовно.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.