| четврток, 6 декември 2018 |

Мукаетов останува на чело на РФМ!

зивко

Живко Мукаетов останува на чело на Ракометната Федерација на Македонија откако денеска акламативно ја доби поддршката на Редовното Собрание на РФМ.  Откако во изминатите четири години успеа да го крене функционирањето на куќата на ракометот на едно многу повисоко ниво, стави огромен акцент на младите категории, а го одржа и континуитетот на настапи на големите натпреварувања со сениорската репрезентација, реизборот на Мукаетов е логичен след на настаните, воедно и гаранција за уште поголем развој на ракометниот спорт во периодот што следи.

Од можни 40 делегати, присутни со уредни полномоштва беа 37 делегати со право на глас, при што сите едногласно му доделија нов мандат на Мукаетов.

-Сакам да се заблагодарам на генерациите кои помагале за развојот на македонскиот спорт, сите ракометари, претседатели, генерални секретари и сите оние кои овозможија ракометот да се развива во ова темпо“ – го почна Живко Мукаетов своето обраќање на почетокот од Собранието, потоа додавајќи: „Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми дадоа поддршка на мене и на мојот тим. Кога пред четири години застанав на оваа говорница ветив дека ќе се обидам македонскиот ракомет ќе функционира на поинаков начин од претходно. Во текот на овие 48 месеци вложивме многу напори и ресурси за работа со младите категории, кои треба да бидат база за работа за идните репрезентации. Ова раководство во изминатиот период се соочи со бројни предизвици, заеднички се радувавме на успесите, воедно и се јадосувавме при поразите. Убеден сум дека за пет до десет години до сега резултатите ќе бидат нешто на што сите ние ќе бидеме горди – истакна претседателот.

зивко2

Мукаетов воедно се наврати на сработеното во изминатите четири години, со кратка фактографија за реализираните најави во првиот мандат.

  • Нов дисциплински правилник
  • Нов правилник за репрезентации
  • Двојно намалување на котизација за Суперлигашки екипи. Комплетно ослободување од котизација на сите екипи во сите отанати лиги во сениорска и во млдинска конкуренција.
  • Комплетно ослободување од трошоци за судиски и делегатски такси за настап на екипите во кадетските и пионерските лиги на Македонија.
  • Задолжително пријавување на екипи во младинските категории од страна на сите Суперлигашки екипи.
  • Спроведување на СМАРТ програма, за развој и ракометна едукација во Основни и Средни училишта. Преку 50.000 Евра во опрема и реквизити наменети за опремување на 41 образовна установа во 12 различни градови низ Македонија.
  • Воведување на интернет пренос во живо на сите натпревари од Суер-лигата.
  • Електронска база на податоци – регистар, за сите ракометари и ракометарки што настапуваат во Македонија, со интеграција на електронски записник на Суперлигашките екипи во машка конкуренција.

зивко3

Ова е само дел од сработеното на РФМ во изминатиот период, заедно со продолжувањето на трендот на организација на големи меѓународни натпреварувања под капата на ИХФ и ЕХФ, како и континуитет од настапите на сениорската репрезентација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top