| четврток, 6 декември 2018 |

На 10-ти февруари ќе има Снежна Месечина, Лунарна Еклипса и комета!

Вљубеници во ѕвездите, подгответе се бидејќи за неколку дена ќе сведочите на природен феномен кој долго ќе го паметите – во ист ден ќе имате можност да ја видите Снежната Месечина, Лунарната Еклипса и комета!

landscape-1486403229-comet0

Ова ќе се случува во петок, на 10-ти Февруари, па затоа најдете си место од каде што ќе можете убаво да ги гледате. Снежната Месечина е всушност првата полна месечина во месецот Февруари, а така се нарекува бидејќи обично тогаш паѓа најмногу снег.

Лунарната Еклипса, подобро позната како помрачување на месечината, најдобро ќе се гледа од Европа и поголемиот дел од Азија, а се случува кога месечината поминува во сенката на планетата Земја.

На истиот ден, всушност со неколку часови задоцнување, ќе имате можност да ја видите и Новогодишната Комета. Оваа комета го почна своето патување низ северната хемисфера на Земјата уште кон крајот на минатата година, а сега ќе ја постигне својата најблиска точка со нашата планета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top