Светлана Цеца Ражнатовиќ отворено проговори за својот брак со Жељко Ражнатовиќ Аркан и за тоа колку и недостига.Таа имала само 22 години кога се омажила, а сега открива колку била храбра кога толку млада запловила во брачните води.
-Јас бев мазена и пазена во бракот од страна на мојот сопруг и навистина живеев како принцеза. Кога зборувам за него и нашиот однос, тоа го правам со уживање, бидејќи тоа навистина беше љубов. Јас поради својот избор на љубов после имав големи проблеми, но мислам дека достоинствено го носам сето тоа и тој свој товар, сето тоа е живот – открила Цеца.
-Во сите тие моменти кога ви се чини, како што ми се чинеше и мене, дека нема да може да преживеете, треба да се борите. Тоа се страшни ситуации, големи трауми кои и на мене оставија последици. Кај мене не важи тоа што не те убило те направило посилен – рекла Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.