Пукнатина долга дваесетина метри се отвори на Камениот мост од десната страна на мостот во правец од Стара чаршија кон Плоштадот Македонија. На неколку места пукнатината во травертинските плочки е широка и по неколку сантиметри.
Иако Камениот мост е утврден како објект од прва категорија национално културно наследство е во надлежност на Министерствот за култура, реконструкцијата на Мостот во времето кога градоначалник на Скопје е Ристо Пенов. За реконструкцијата јапонската влада донираше 75.000 евра, а Скопската пиварница подари 50.000 долари. Тогашниот градоначалникот најавуваше дека поправките ќе завршат за три месеци. Но, рокот за поправките на мостот повеќепати е пробиван, а за тоа меѓусебно се обвинуваа градоначалникот Пенов и конзерваторот Васил Иљов од Заводот за заштита на спомениците на културата.
Опозициските медиуми штуро известуваат за процепот на мостот, а уште тогаш весниците чиишто сопственици или уредници беа оние кои денес молчат пишуваа дека градоначалникот попусто брза кога експертите сугерираат дека не се обезбедени соодветни материјали за квалитетна рекнострукција.
„Градоначалникот Ристо Пенов и понатаму инсистира да се забрзаат поправките на Камени мост. Градските власти распишаа нов тендер за камени блокови. Тие ги повикаа сите фирми што може да обезбедат квалитетен травертин да се пријават на тендерот за конечно да може да продолжат работите со поправките на мостот. Пенов вчера повторно изјави дека Градот има доволно пари за целосно да ја заврши реконструкцијата на Мостот.
Градот ја забрзува реконструкцијата за да не пропадне јапонската донација од 75.000 евра, но и поради притисокот од јавноста дека предолго траат поправките на Камени мост.“, пишува „Дневник“, во времето кога на позицијата главен и одговорен уредник ја напушта Бранко Героски, а ја презема Катерина Блажевска.
„Во постапката за замена на оградата, летото 2002 година кога работниците го исекоа железото на оградата, во водите на Вардар се урна Стражарската кула. Обновениот Камен мост беше пуштен во употреба 2004 година, но без Стражарска кула.Градоначалникот Ристо Пенов повтори дека парите не се проблем да продолжат поправките, туку дека одново проблемот бил конзерваторот Васил Иљов, кој е во тричлениот надзор. Градоначалникот инсистира реставрацијата на мостот што поскоро да продолжи. Тој побара комисијата за избор на камените блокови да ги спушти критериумите за квалитетот на каменот.“, пишува „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.