| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозната блондинка која редовно го посетува Асанж (Фото)

Актерката Памела Андерсон, во текот на последните 4 месеци, го посетила основачот на „Викиликс” Џулијан Асанж дури 5 пати, што било доволно повторно да се отворат гласини за нивна љубовна романса.

Познатата актерка на 21-ви јануари била видена во резиденцијата каде што престојува Асанж, а како што пренесува Дејли Маил, неколку пати пред тоа, таа му ја носела омилената храна од околните ресторани, што предизвикало гласини за љубовна романса.

Pamela+Anderson+Pamela+Anderson+Spotted+LAX+AhitC6T7f6jl

Контроверзниот Асанж и Памела ги поврзува активизмот со кој се занимаваат, но и љубовта кон Русија.

Имено, повеќето материјали со кои Асанж излегол во јавноста дошле токму од руски хакери, додека Памела е чест гостин во Русија, па така во 2015-тата година по саемот во Владивосток, на кој била главна гостинка и атракција, разговарала со шефот на кабинетот на Путин, Сергеј Иванов, за зачувување на дивите животни во Русија.

Првата средба на Андерсон и Асанж била обид да се убеди Швеѓанецот да ѝ помогне на нејзината организација, која се занимава со заштита од сексуално злоставување на жени.

Инаку, Асанж живее во еквадорската амбасада во Лондон од 2012-тата година, кога предал барање за азил за да избегне екстрадиција поради обвинение за сексуално злоставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top