| четврток, 6 декември 2018 |

Чека близнаци, но не ја заборава загубата на бебето:Тоа е најтажниот период во мојот живот

бијонсе

Планетарно популарната пејачка Бијонсе во средата на 1 февруари објави дека чека близнаци со сопругот, раперот Џеј Зи. Близнаците би требало да се родат во јуни, а Бијонсе среќната вест ја објави со фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

бијонсе2

Таа во документарецот од 2013 година „Life Is But a Dream“ објави дека имала абортус пред Блу Ајви, која сега има 5 години. Поп-дивата раскажуваше како дознала дека е бремена и за болката кога дознала дека го загубила бебето.

-Пред две години забременив првпат. Ги слушнав отчукувањата на срцето, тоа беше најубавата музика што ја имав слушнато во животот.

По среќата кога првпат ги слушнала отчукувањата на срцето на бебето, пејачката призна дека „замислувала како ќе изгледа“ и се почувствувала како мајка.

-Кога си труден како да си заљубен. Така си отворен, така си полн со радост. Нема зборови кои можат да го опишат чувството што го имаш кога бебето е во тебе, па се разбира дека сакаш и да врескаш и тоа да им го кажеш на сите.

Но пред да ја објави убавата вест, пејачката имала компликации…

-Отидов во Њујорк на преглед и не се слушаа отчукувањата на срцето. Буквално една недела пред тоа се’ беше во ред- раскажа Бијонсе, која потоа отишла во студиото и ја напишала најтажната песна.

-Воедно тоа беше првата песна што ја напишав за албумот. За мене беше форма на терапија, бидејќи поминував низ најтажниот период во мојот живот- призна пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top