Полицијата поднесе кривична пријава против 77-годишен охриѓанец поради сторено кривично дело „полов напад врз малолетно лице“.
Според соопштението од СВР – Охрид, С.Г. (77) од Охрид на 12 минатиот месец околу 14 часот управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот С.Г. започнал разговор со 11-годишниот малолетник околу претстојниот празник Василица прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор С.Г. го повикал малоленото лице до автомобилот паркиран до неговата гаража, велејќи му дека ќе му покаже интересни работи. Кога двајцата заедно стигнале до возилото С.Г. извадил еротски списанија, а потоа веднаш ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа што била во близина на возилото и го турнал малолетникот во гаражата заклучувајки ја вратата.
Тука, пријавениот С.Г. со примена на сила започнал да го прегрнува малолетното лице допирајќи го по целото тело. Малолетникот со активен отпор, успеал да го оттурне сега пријавениот и да ја отвори вратата од гаражата по што избегал во својот дом, се наведува во полициското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст