| четврток, 6 декември 2018 |

Беџети: Албанците во 2025 година ќе бидат побројни

abdulmenaf begeti

Академикот Абдулменах Беџети повикувајќи се на студија на Универзитетот во Сорбона, за телевизија Алсат тврди дека до 2025 година Албанците ќе станат побројни од Mакедонците.

– Овој феномен го третираат повеќе во социоекономските анализи и тоа е феномен кој беше очекуван и проектиран уште пред 15 години. Ќе се повикам на една студија што ја направи еден научник со македонски бек-граунд од Универзитетот Сорбона во Франција уште во 1998 година, доктор Иван Савев. Тој предвидува и прави проекции и прогнози за следните 20 и 25 години, значи 2020-2025, за тоа како ќе се развиваат демографските односи во самата Македонија, природниот раст на населението и така натаму. И тој таму доаѓа до еден заклучок, во едно таканаречено `песимистичко сценарио за нив и оптимистичко за нас` стои дека 2020 година, албанското население речиси ќе се израмни со македонското, додека во 2025 година, всушност албанското население ќе го надмине македонското, се разбира во релативниот сооднос, вели Беџети.

Според други статистики, намалување на наталитетот се забележува и кај двете најголеми етнички заедници, односно и кај Македонците и кај Албанците.

– Природниот прираст на населението според пописот од 2002 година, од пред 11 години кај Албанците беше 18 промили, а кај Македонците беше 9-10 промили, значи сега кога кај нас тоа е 9-10, а кај нив 4-5. Тоа зборува дека интензитетот на опаѓање кај нас е многу поголем. Но, од релативен аспект, овој сооднос сè уште не го загрозува релативниот однос меѓу Албанците и Македонците, напротив го форсира, па затоа ако се повикаме на бројки, значи дека наталитетот кај нив е многу помал отколку кај нас. Треба да споредиме какви се трендовите, кои се тенденциите, нивниот интензитет и актуелните состојби. Затоа јас не гледам сериозно загрозување на нумеричкиот сооднос на албанското и македонското население, додава Беџети за Алсат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top