Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста е намалена на 30-50 метри во Павлешенци и 50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини во прекин е сообраќајот на „Евзони“,односно Богородица, а на „Меџитлија“ и „Дојран“ има задржувања подолги од половина час за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.