Инцидентот предизвика гнев кај сиромашните млади имигранти во Шведска, која порано уживаше репутација на една од најмирните земји во светот.
Насилството се прошири и надвор од Стокхолм, и покрај полициското засилување што беше испратено заради смирување на нередите во шведскиот главен град.
Функционерите тврдат дека во Стокхолм ситуацијата е смирена, зашто шестата ноќ од безредијата била релативно мирна.
Но изливи на насилство, како на пример палењето згради и автомобили од страна на млади луѓе, се пријавени во шведските градови Оребро и Содерталје, кои претходно не беа опфатени од протестите.
Немирите почнаа минатата недела, предизвикани од полициската акција во која беше убиен 69-годишен португалски имигрант.
Инцидентот предизвика гнев кај сиромашните млади имигранти во Шведска, која порано уживаше репутација на една од најмирните земји во светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


