Брод со првите 3.200 automobila „Фиат 500Л” за северноамериканскиот пазар пристигна на пристаништето во Балтимор, САД. По истоварот на првиот контингент, бродот ќе го продолжи патот кон пристаништето Халифакс во Канада. Автомобилот се произведува во Крагуевац, најголемата фабрика за автомобили во југоисточна Европа, јавува Танјуг. Возила ќе бидат испорачувани на секои две недели, а во план е да се произведат 35.000 автомобили за северноамериканскиот пазар.
Фиатовите модели 500L за овој пазар опремени се со сосема нов мотор 1,4 MultiAir Turbo oд 160 коњски сили, со најголем вртежен момент во својата класа од 250 Nm.
Компанијата планира годинава да произведе до 150 илјади автомобили за околу 100 пазари во светот. Заради тоа фабриката во Србија ангажира над 3.600 работници, како и уште 1.200 во други компании со кои конкретно соработува.
Србија се надева дека овојпат ќе има повеќе среќа со извозот на автомобили во Америка за разлика од несреќниот извоз на Југо 55А пред 23 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.