| четврток, 6 декември 2018 |

Важно соопштение од ЈСП: Бесплатниот превоз почнува веднаш

JSP_avtobus-600x396

ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека во согласност со одлуката на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, почнувајќи од истиот момент на објавување на ова соопштение, претпријатието ќе ги превезува граѓаните бесплатно.

-Ова мерка е од привремен карактер и важи за сите лица, кои имаат потреба од јавен превоз и ќе биде активна до нејзино укинување од страна на градоначалникот. Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и се очекува да се намали користењето на леките возила – информираат од ЈСП Скопје.

Од ЈСП додаваат дека од моментот на воведување на оваа мерка, билетарниците на ЈСП ќе работат само со дежурните служби на следниве локации:

jsp-skopje-dezurni-biletari

-Нагласуваме дека од системски т.е. технички причини, ЈСП Скопје нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените привремени билети, ниту, пак, продолжување на нивната важност – додаваат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top