Јабланичко Езеро во Босна и Херцеговина целосно исчезна откако Електростопанство на БиХ максимално ги искористи резервите на вода што беа таму акумулирани за да произведе што повеќе струја за време на студените денови во јануари, а ваквата одлука веројатно ќе има долгорочни катастрофални еколошки последици.
Во долината на реката Неретва, меѓу местата Коњиц и Јабланица во Херцеговина, што обично е прекриено со вода длабока и до 80 метри, сега се гледа калливо дно, а на некои места можат да се забележат надгробните споменици потопени во 50-тите години на минатиот век, кога беше формирано езеро, како дел од проектот за изградба на брани и хидроцентрали на реката Неретва.
Езерото вообичаено беше долго до 30 километри и зазема повеќе од 1.400 хектари површина. Во него имаше и богат рибен фонд, вклучително и пастрмка и крап.
Еколозите тврдат дека со испуштањето на езерото целосно е уништен рибниот фонд. Од Електростопанство на БиХ велат дека ова не е прва ваква ситуација и дека слично било и во 2005 година. Oд таму уште додаваат дека еколозите претеруваат во оцените за штетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст