Германскиот интернационалец Џулијан Дракслер оваа зима од Волфсбург пристигна на „Паркот на принцовите“ во Париз за сума од 30 милиони евра и веднаш докажа дека ќе биде огромно засилување за „светците“ во трката за шампионската титула во домашниот шампионат, како и за нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тој веќе постигна неколку решавачки голови, а во дресот на ПСЖ би сакал да види уште еден свој сонародник.
– Не знам дали смеам ова да го кажам, за да не направам непотребни проблеми, но моја лична желба е да играм со Месут Озил во Пари Сен Жермен. Мислам дека тој би бил огромно засилување за нашиот тим – изјави Дракслер на новинарско прашање околу можноста за новите засилувања кои би пристигнале во Париз во летниот преоден рок.
За Месут Озил постои интерес и од Барселона, но и од Реал Мадрид, каде играше пред да се пресели во Арсенал. Со раководството на „топчиите“ преговара за нов договор, но досега нема ставено потпис за продолжување на верноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.